Големо признание дојде од Лондон на адреса на македонскиот туристички бренд „Аурора“ чиј хотел „Аурора спа и ресорт“ на Беровското Езеро е прогласен за најдобар хотел во својата категорија на Балканот. На настанот „Ворлд спа енд велнес 2014 авардс“ во грандиозниот „Гилдхол хотел“, наградата ја прими Андреј Сирачевски, директор во „Аурора“. На овој настан му претходеше едногодишно селектирање на најдобрите хотели во светот поделени во неколку региони како Азија и Австралија, Блискиот Исток, Африка, Северна и Јужна Америка, Западна Европа и Скандинавија, Источна и Централна Европа. Професионалното жири тајно испраќа гости и анонимни посетители кои ги анализираа местоположбата, материјалите од кои е изграден објектот, квалитетот на услугата, професионалниот однос на персоналот, условите во спа-центарот и слично. Се доделуваа награди во две категории, за спа-хотел и спа-дестинација, вели Сирачевски.
Големо признание дојде од Лондон на адреса на македонскиот туристички бренд „Аурора“ чиј хотел „Аурора спа и ресорт“ на Беровското Езеро е прогласен за најдобар хотел во својата категорија на Балканот. На настанот „Ворлд спа енд велнес 2014 авардс“ во грандиозниот „Гилдхол хотел“, наградата ја прими Андреј Сирачевски, директор во „Аурора“.
„На овој настан му претходеше едногодишно селектирање на најдобрите хотели во светот поделени во неколку региони како Азија и Австралија, Блискиот Исток, Африка, Северна и Јужна Америка, Западна Европа и Скандинавија, Источна и Централна Европа. Професионалното жири тајно испраќа гости и анонимни посетители кои ги анализираа местоположбата, материјалите од кои е изграден објектот, квалитетот на услугата, професионалниот однос на персоналот, условите во спа-центарот и слично. Се доделуваа награди во две категории, за спа-хотел и спа-дестинација“, вели Сирачевски.
Годинава во ова престижно рангирање на најдобрите хотели беше вклучен и Балканот. „Аурора“ го доби ова светско признание во конкуренција на туристички велесили какви што се Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Грција...
„За нас оваа награда е само продолжение на веќе освоената награда за најдобар планински спа-ресорт на Балканот за 2012 година, но сега признанието за нашите остварувања од значење за туризмот и хотелиерството во Македонија е подигнато на највисоко можно светско ниво“, посочува Сирачевски.